О, секое одење по печурки
разговор е со демонот на преобразбите
Овидиева тема, протејски мерак
подотворање на умот
најава на оностраниот моќен сурат
на стерната, стијата, привидот
и тоа најмногу кај оние кои
на овој свет се мислат
свои на свое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)