Тој просто не знаеше што да прави, каде да ги скрие рацете, нозете и целата своја фигура; најпосле седна покрај оние што играа, гледаше во картите, се загледуваше во лицето на еден па на друг и по извесно време почна да се проѕева, да чувствува дека му е здодевно, дотолку повеќе што веќе одамна настапи времето кога тој, според обичајот, одеше на спиење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)