Богатството најчесто е стекнато преку шиткање нива или куќа у западна Македонија или како наследство од своите лоповски родители, а воедно нив ќе ги препознаете и како најголеми патриоти во кафана удирајќи се во гради , а на дело речиси никаде ги нема.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)