најчесто (прил.) - го (зам.)

Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Притоа ја користеше нејзи­ната директна антитеза - досадата, не само како впечаток што најчесто го оста­ваат неговите филмови, туку и како чувство на самите протагонисти кои се досадуваат пред камерите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол со ова ја порекну­ваше идејата за забава околу која што е концентриран американскиот комер­цијален филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Низ подземјето на оваа кафеана, каде што се сместени просториите за ручање и пиварницата, луѓето најчесто го бараат она место, оној стол, она кафеанче каде што Гете го создал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Децата на социјалата кои не знаејќи што да прават со себе излезот од бедата најчесто го гледаа во лошата увозна ганџа со пестициди.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А најчесто го повикуваа да протолкува некој стар документ од отоманското време, значаен за балканската историја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оние пак на нашата баба, најчесто го упатуваа Татко кон Цариград, по стапките на предците кои беа одамна заминати и добро вгнездени во нова Турција која Ататурк ја спасувал и ја издигнувал од урнатитите на Импаријата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Битола, под отоманското име Монастир, најчесто го среќаваше во своите стари книги и списи што ги донесе од Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Она што најчесто го подразбираме под терминот преведување е пренесување на одреден текст од изворниот јазик (ИЈ) во јазикот-цел (ЈЦ), на тој начин што површинското значење на обата текста треба да биде еквивалентно и структурата на текстот на ИЈ да биде задржана колку што е можно повеќе, се разбира не до таму сериозно да ја наруши структурата на текстот на ЈЦ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова какао во прав го произведуваше загребски Краш и најчесто го консумиравме со млеко.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Инаетот повеќе може да се насети во човековиот инстинкт, во делот на неговата анимална природа, недовршеноста во еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова хронично не најчесто го зазема местото на да или го смалува неговото нормално влијание.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До чардакот допираше шумот на дишењето на заспаните деца, чија енергија најчесто го поттикнуваше и храбреше Татко да чита речиси до зори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најчесто го минуваше времето во татковата библиотека, паметникот на неговото најживо присуство по исчезнувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога читаше делови од Татковата книга, на Мајка најголем впечаток ѝ направија Татковите согледби според кои Албанците, во судирите со империите на Балканот, како и при нивните падови, најчесто го извлекувале „подебелиот крај”, при што лесно доаѓало до религиозните конверзии, милум или силум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако требаше да ми потврди дека времето кај американскиот часовник е точно мерено, најчесто го покажуваше спротивното.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таму го чував четвртиот, Јапонецот со турско име, „Orient“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во семејната стратегија на спасувањето во минувањето на границите и престоите во земјите на егзилот, за време на војни, јазиците најчесто го спасуваа семејството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во близината на куќата на семејството Амбросели се наоѓаше паркот Place des vosges Јас тука најчесто го носев малиот Патрик .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајка во своите молитви најчесто го молеше Севиш­ниот да ги доварди нејзините чеда и татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Активното учество во дијалогот најчесто го разбираме како докажување на нашата „вистина“ на слушателот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А активното признавање на другиот е нешто друго: способност да се слушнат причините на другиот, не изрекување на признание, туку слушање на неговата исповед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стрпливоста најпрво е способност да се слуша, способност на остварување приемчивост во однос на другиот и априорна подготвеност неговите причини да ги примиме за свои, што не оди без одреден морален ризик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние штедењето најчесто го разбираме како штедење на пари преку штедна книшка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)