најчесто (прил.) - не (чест.)

Моментно не можам тоа да го забележам ни на некое ливче зашто се наоѓам во мрачната страна на животот, во визбите на животот за кои луѓето најчесто не се свесни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И на ова поле, трудовата инспекција, која, патем речено, како државен орган – најчесто не работи за викендите, доста затајува; г) во однос на прекувремената работа (работа повеќе од полното работно време), покрај максималната должина на неделно ниво, беше воведено и нејзино годишно ограничување во должина од 190 часа (чл. 117, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Проучувањата на искуствата во раното детство наидуваат на тешкотии: децата не можат да ни соопштат, на јазикот што ние го разбираме, а ние најчесто не се сеќаваме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се формираше крај езерските брегови еден вид Поетска Република во која поетите откриваа вистински пристан во нивното враќање од егзил, кое најчесто не можеа да го остварат во нивните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но на Балканот, границите, во нејзиниот животен век, беа толку променливи што најчесто не можеше и самата лесно да си утврди каде започнуваа и каде завршуваа туѓината и родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со искусните корисници на дрога се случува друго, бидејќи тие најчесто не работат за време на директното делување на дрогата, туку создаваат, односно ги транспонираат своите психоделични перцепции во уметнички форми дури по некое време, откако ќе дојде до опоравување на когнитивните и моторни функции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)