најчесто (прил.) - ќе (чест.)

Вие најчесто ќе биете од блиско растојание, а можно е да биете и авиони кои летаат ниско, на височина од петстотини метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По мене викаа. - Трпче! – најчесто ќе скрцкаше татко ми и јас си знаев дека како знам и умеам треба да ги смирам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нивните деца најчесто ќе ги забележите во дел од скопската шема како снопчиња кои ги лесно ги трошат „тешко спечалените пари” од своите родители.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Следните триест години ќе ја заобиколи земјината топка на одговорни дипломатски функции, ќе службува во Стокхолм, во Хелсинки, во Исламабад, во Токио, но најчесто ќе навраќа на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)