небаре (прил.) - испосник (имн.)

Така создадов необична и невообичаена сопоставеност од портокалова, тиркизна, скерлетно пламена и златно ореолска боја и ги насликав женствено оние чија аура е видима трите ангелски лица трите посланика на искушението и гласот дури го насликав: 'Не кревај рака врз чедото свое!' Така сите бои со сите облици во вид на жиг на Светиот Дух (ни мој, ни не-мој) ги втиснав на дрвена плоча, пресувана стрпливо и грамотно небаре испосник за да опстане со силата на пречистата мисла, оти и мислата е светлост, и топлина, и магнетизам, енергија - сѐ на сѐ! и заедно, во возвишен, а за Окото дофатлив облик, ги склопив!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)