Пред тоа чекореше како млада жена, одеше секој ден кај пријателките (од некои од нив беше постара половина век) да играат карти, еднаш неделно одеше во кино, и не пропушташе ниту една театарска премиера.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко му на Трајчета, селанецот Тане, двапати неделно одеше во Караорман, береше дрва и ги продаваше во Струга и Охрид.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)