Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако затекне да работи лице со кое не е заснован работен однос во согласност со закон и колективен договор и за кое не поднел пријава за задолжително социјално осигурување (чл. 259, ст.1, ал.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот мора, во писмена форма, да го извести работникот за временото прераспоре- дување на работното време најмалку еден ден пред тоа, а одредбата за „забрана на работа преку полното работно време“ важи, исто така, и во случај на нееднакво распоредување или прераспоредување на работното време (чл. 123, ст.2 и ст. 6 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Иако платата на работникот за работа со полно работно вре- ме не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор (чл. 107, ЗРО) – до денес [јуни 2011] во РМ не е донесен таков закон кој ја регулира материјата за т.н. „минималец“ односно најниска плата, а оваа материја не е регули- рана ниту со Општиот колективен договор за стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (в. чл. 17, ОКДС). 5. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела, по правило, трае пет работни дена (чл. 116, ст.1-2, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)