Мајка ми го чувствуваше тоа, и сега нејзиниот поглед понекогаш ја губеше сигурноста, оној отров кој беше влегол во нишката помеѓу неа и мене веќе не го делевме подеднакво, туку одеше само кон неа, и беше пресилен само за неа, ја задушуваше во нејзината немоќ, ја задушуваше оној зрак среќа кој сѐ почесто ми го огреваше лицето, онаа нијанса на радост што ми го боеше гласот, секогаш кога заедно со брат ми ќе се вратевме дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но часовите минати покрај брат ми во читалната, додека тој гледаше во своите, а јас во моите книги, часовите минати во разговор, ме правеа некако силна, и нејзините зборови сѐ повеќе се одбиваа од мене, тие не влегуваа во мене, не ме колвнуваа во градите, студенилото на нејзиниот поглед не пробиваше во моите зеници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)