некако (прил.) - поинаку (прил.)

Денес нема што да се чита во „Ослобоѓење“ ниту на лицата на минувачите во градот, а и ѕвездите некако поинаку сјаат во стиховите на младите поети.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И додава, со некоја пукнатина во гласот: А и сам јас некако поинаку си мислам за божјите работи, откако што се тие запишани во книгите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па и да не биде по старо, нема да биде како што е сега, некако поинаку ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На телевизорот сѐ се гледаше подобро, но некако поинаку.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ги слушнав чекорите на татко ми, бев некако поинаку од другпат возбудена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми се чинеше дека кога татко ми ќе влезе во салата и ќе се сретне со учителката Вера, сите присутни ќе знаат дека тој, татко ми не е пречекан од учителката Вера како и сите други, туку некако поинаку...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ама некако поинаку беше.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нејзината промена се чувствуваше „на ситно”, „на крупно” изгледаше незабележлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И натаму беше добра, насмеана, љубезна и мила, но некако поинаку, постудена, би рекла, подалечна беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè беше некако поинаку, отколку таму кај нив, во Келн.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку. ‌Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без очила некако поинаку го гледа, а и лицето ѝ е различно, како што им е различно на сите луѓе кога ќе ги извадат очилата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога требаше да почне нова реченица, дишеше низ нос или кога ќе ѝ се истрошеше здивот, пак го употребуваше носот за да земе нов и продолжуваше со мислата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се виде стрчан низ ливадата накај РЕКАТА - спокојно разбранувана - затрчан по развеаните кадрици на Јана, девојче со најчудесна коса - небаре зрело жито - и со волшебни очи, темни очи со црнки светнати како две снегулки низ летната ноќ... Oткако се знае себеси ја знае и Јана: и во забавиште заедно, и во прво одделение заедно, се така заедно како сестра и брат - ама сепак некако поинаку.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Сега кога слушам за партизаните некако поинаку ми звучи, поискрено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)