некогаш (прил.) - бев (гл.)

Затоа, иконокласистичкото насилство на авангардата се неутрализира преку институциите на уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кожата некогаш ја претставуваше границата на јаството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како крстосница таа некогаш беше место на судир меѓу личното и политичкото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она што некогаш беше херојско дело, да се излезе од претесното сфаќање на поимот уметност, се одомаќува преку уметниковата естетиката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во ваква лоша атмосфера поминуваат и наредните неколку месеци, а во текот на септември 2007, повторно по одлука на „матичното друштво“, им е одземена опремата што некогаш беше инвестирана во би- толската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работниците и битолските раководители се каз- нувани и за најбанални причини, а одлуките за тоа, како по пра- вило, доаѓаат од матичното друштво од Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден дел од бавчата одзади куќата некогаш беше бил лозје и дури и денес тука излегуваа лози од старите пенушки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немав соработка со докторите кои некогаш беа многу расположени да ми помогнат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едноставно ја згрешив клиниката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што звучните системи некогаш беа величани поради нивната висока верност, така текуштите сликовни системи сега испорачуваат виртуелна реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Компјутерските графики денес имаат толку висок степен на реалност така што јасните слики го евоцираат терминот виртуелна реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, по тактот на таа музика играа двојки, играа до бесвест, правејќи чудни движења кои прилегаа на тие од сечачите на дрво кои, предизвикувани од грамафонските стереозвуци, некогаш беа толку засилени што изгледаше дека ќе го разнесат на парчиња сиот клуб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега, од ова пусто место, од овој очај и овој крај, јас убаво распознавам време во кое некогаш бев жив...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да не беше овој црн ветер кој сега безмилосно пустоши низ мене и јас, како и Кафка, ќе помислев: не паметам време во кое некогаш бев жив...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Над тоа што некогаш беше предградска артерија, висеа назабени остатоци на Фулеровите куполи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој тип на диференцијација во средната класа, предизвикана од повисоката свест што некогаш беше елитистичка одлика, доведе до формирањето на митовите на Етикетата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа предвоена компанија, настаната како специјален огранок на една од најдобрите светски фабрики за стакло Bausch and Lomb, својата популарност ја стекна за време на Втората светска војна кога американските пилоти како задолжителен дел од својата опрема ги носеа и ray ban наочарите за сонце.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Квалитетот што некогаш ѝ беше достапен само на аристократијата, постапно почна да станува достапен и на масите - во ограничена мера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако некогаш бев останал без зборови, во решавачки миг од животот, тоа беше токму тогаш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од урнатините, кои некогаш беа заедничка куќа, за спомен го зеде Тито, којшто нагло воскрсна во ликот на новиот хрватски претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од урнатините, што некогаш беа заедничка куќа, српската страна го извлече сивото одело на комунизмот и го натегна врз својот претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во зависност од позицијата на сонцето, сенката некогаш беше издолжена, некогаш застрашувачки куса, а некогаш беше перфектна копија на димензијата на телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И Емин, што рипна во реката Дримот та чија матица брзо го свлечка бидејќи со невооружени врази, а пијан некогаш беше се спречкал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И јас некогаш бев безгрижно, бестрашно чавче, кое сакаш да го допре работ на хоризонтот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Госпоѓа Изабел ми покажа со раката кон малиот ходник каде што некогаш беше мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Молчејќи слегуваме на напуштениот друм и пеш го поминуваме патот што некогаш беше пат на разделба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Молчејќи го испивме турското кафе и на привремените домаќини, пожелувајќи им добар помин, заминуваме од празнината што некогаш беше село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го барам тоа што некогаш беше. Сега го нема. Духови и сенки на духови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогашниот тесен и излокан друм што од Долно Папратско водеше за Крчишта, сега е широк асфалтен автомобилски пат и завршува таму, каде некогаш беа гумната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се за тоа дека селото некогаш беше село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка ми честопати ги собираше моите сестри, наоѓајќи начин да не ме повика и мене, и потоа седеа долго во кујната, а јас понекогаш само малку ќе зачекорев во ходникот и пак се враќав во собата, и при тоа кусо приближување до нив, до вратата која ме делеше од нив, успевав да чујам делче од нивните разговори, какви што водеа повеќето мајки со своите ќерки: за она што една девојка треба да го исполнува за да биде добра ќерка, за начините на кои се стапува во брак, за должностите на жените кон своите сопрузи и деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа дамнешна рана ме тераше да го прашувам Рајнер каде исчезна оној Рајнер кој некогаш се плашеше дека ќе ме изгуби, како што ги изгубил оние кои го посвоиле, оној Рајнер кој се плашеше дека ќе го отфрлам онака како што го отфрлиле оние кои го зачнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не јас, туку она девојче кое некогаш бев, и чија рана и натаму крвареше во мене дури и во оние периоди од животот кога не го чувствував тоа, секое утро уште пред да се расонам ме тераше да тргнам кон Рајнер, па со чувство на вина да молам да ме пушти во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро видов дека Цецилија ги има отворено ширум прозорците – беше едно од оние ретки утра во тоа лето кога дуваше ветре - и завесите излегуваа надвор, како бели крилја се пружаа кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И освен таа радост имав и едно поинакво чувство, затоа што знаев колку сум далечна од нив, онолку далечна колку што некогаш бев блиска со мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие обликувања некогаш беа успешни, некогаш помалку успешни, но заситни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Татко ми е некакво генералче, мајка ми некогаш беше прифатена во високите кругови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас сум само никаквец од псевдовисокото општество и ме сметаат за „мил шегобиец“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа што некогаш беше живот сега навираше и наоѓаше место во мислите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Онаа топлина која некогаш беше само за една девојка со зифт црна коса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ништо без агротехника, - се согласи Раде. Некогаш беше поинаку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потонатите бродови повторно испливуваа на местото каде што некогаш беа потонати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Барем знам дека некогаш беше и сега дише длабоко во мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја слекува кошулата и гледа телото нагло му остарува: кожата ожебавела, капиларите пукаат и оставаат бенки како од капнато мастило; му омлитавува телото кое некогаш беше цврсто, набиено, кое пукаше од здравотија, а кожата затегната и светла како кај пеливан; во тоа тело и Стела и Аниса и Хера и Марија ги зариваа забите како да сакаа да го раскинат; и секоја на свој начин се воодушевуваше и му го фалеше телото како да не им беше важна душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Веќе нема сеопфатна приказна - како што некогаш беше онаа просветителската за рационализација на светот, или идеалистичката за кон себе вратениот дух во историјата, или марксистичката за еманципација на човештвото - која би била кадарна да ги сосредоточи сите тежненија и да ги насочи кон едно единствено - својата цел, всушност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Писмата некогаш беа пишувани на влашки некогаш на македонски јазик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камилски беше прв во колоната, како што некогаш беше прв кога јуришаа на шпанското боиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXX Животот сакаше, судбината помагаше во моите дипломатски години да го споделам, на извесен начин, во замислената стратегија на Хенри Кисинџер, првиот чекор кон мирот во решавањето на палестинско-израелскиот судир, кој требаше да биде означен со првите палестинско-американски разговори во претседателската вила Магребија, во срцето на Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во вилата Магребија на десетина чекори спроти резиденцијата на југословенскиот амбасадор, која некогаш беше мала палата на последниот туниски беј, гувернер за време на француската колонијална власт, требаше да започнат тајните разговори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некогаш беше црква, се викаше Свети Клемент“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Радерфорд некогаш беше познат карикатурист, чии брутални стрипови помагаа да се воспали јавното мислење пред и за време на Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некогаш беше знак на лудило да се верува дека Земјата се врти околу Сонцето: денес, да се верува дека минатото е непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наоѓаше некаде во квартот со потемнети ќумези, северно и источно од она што некогаш беше подземната станица Свети Панкрас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Океанија би ги освоила деловите што некогаш беа познати како Франција и Германија, би требало или да го уништи населението, што би претставувало потфат со големи физички тешкотии, или пак да го асимилира населението од околу сто милиони луѓе кои, барем што се однесува до техничкиот развој, се приближно на нивото на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уметност некогаш беше сликарството, вајарството, музиката итн., но денес, сите технологии стануваат уметност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа навистина е застрашувачко, бидејќи е подвоено она што некогаш беше најинтимниот и најважен однос кон стварноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Друг пример за ширење на амбиваленцијата и контингенцијата е тоа што суспен­зи­ јата на сомнежот веќе не е привремен феномен туку перманентен услов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Има неколку учители по музика во Глазгов кои некогаш беа мои ученици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што некогаш беше рефлекс на реалноста денес станува стандард за реалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не знам... мене лично оваа „состојба” ме фура на резигниран ентузијазам (или обратно, на ентузијастичка резигнираност).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека за некое време никој нема да ми верува за тоа колку некогаш беше невозможно да се случуваат вакви работи, но и како што и самиот велиш, се случуваа многу работи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она кое некогаш беше огниште небо кое огреваше сонце дома што заоѓаше збор од којшто ни се привидуваше најубавото збор- боринка сега стана куќа за кукање кукавичка дупка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Последните гласови од она што некогаш беше нивна татковина допреа само да ја донесат веста за пропаста на Големото царство, уништено без милост, со истите оган и бес со кои и самото сотираше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некогаш бев многу бесна на светот, носев вина, тегобност, но не можев да ти префрлам за мојот гнев и за она малку време што ни останува, а можевме да го поминеме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, во неподносливите долги ноќи за да можам да направам само чекор го барав погледот во едни, сега веќе далечни очи кои некогаш беа совршен почеток на љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршени се тие неколку секунди пауза по незадолжителните разговори кога крадешкум ќе се погледнеме и ќе го почувствуваме мирисот на самото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе го загубам минатото, спомените, твојот лик, се што некогаш беше мое.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човечката рамнодушност ми ги отвори очите, животот ме научи на простување, тлеечкиот жар од горко и очајно плачење кое доаѓаше од далечината ме научи на простувањето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кажете ми, мили еленчиња дали некогаш бев женет?“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тука сигурно некогаш беше душата на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Врват тие покрај тоа што некогаш беа куќи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)