некогаш (прил.) - има (гл.)

А и јас некогаш имав пар очи чиишто погледи одеа наназад; да, постоев: без прашања и прибран. Каде стигнав? Каде сум?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го поземам гласот на девојчето: И животот и љубовта - одвај едно зајдисонце... Atopia Се допираш себеси и рамнодушно му се предаваш на сеќавањето: па во ова тело некогаш имаше човек - копнееше, веруваше, пееше...?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сите сме во алишта од времето на рицарите, мускетарите, со капи, на кои некогаш има и перја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште на почетокот на нивниот брачен живот тој сфати - иако можеби само затоа што неа ја познаваше многу подобро отколку што ги познаваше сите други - дека таа е без сомнение најглупавата, најпростата, најпразната душа со која некогаш имал работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случува неочекуваното. Ја губиш потврдата од другиот дека воопшто некогаш имал љубов за тебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пошол да живее сам, значи, исто како и кај луѓето, и кај волците некогаш имало посници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За десет години поседувањето преносни телефони ќе биде толку едноставно како Мики Маус часовниците. u Ако некогаш имаме свои “cybersuits”, како ќе ги употребуваме?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа денес е ретка професија, но некогаш имаше повеќе крпачи одошто продавници на чевли.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Можеби некогаш имало, ама сега нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така нѐ прошетаа од место до место каде некогаш имаше гробишта и секаде празно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да, таму некогаш имаше таква фабрика, ама сега е затворена, напуштена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А и ова веќе не сум јас – некогаш имаше нишка која ги поврзуваше ова детенце, ова момченце и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постоеше нишка која нѐ спојуваше и така одржуваше една душа низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Место каде нештата чекаат, нештата што некогаш имале месо, чекаат и чекаат”, велам, допирајќи му ја раката. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)