некогаш (прил.) - порано (прил.)

Сум поместувал јас и цели вселени, некогаш порано, па зарем еден експрес ќе ме исплаши, Луцијо!“, викаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали некогаш порано биле сведоци на такво однесување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Не, не плачи Луцијо; овој свет за мене без тебе е безвреден, и затоа си одам, и ќе бидам нешто друго, оти и твојата партија од мене бараше да бидам нешто друго; но јас по божја волја ќе се видоизменам, а не по желба на човек; оти јас веќе некогаш порано сум бил и момче и девојка и грмушка и птица и лушпава риба што од морето скока...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)