Пред дефинитивно да го напуштам одајчето на Нанчо, неколку вечери преседов во чекалната на станицата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Оној младич имаше толку остри зборови, со нешто толку волшебно во нив, што само по неколку вечери можеше да го раскопа пред Змејковите очи сиот мраз, во кој беше стегнат тој живот околу него, а за кој Змејко ниеднаш не бил во состојба ни да помисли дека можел да биде и така соголен, разглобен и покажан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По неколку вечери, кога Тулио Бути како и обично гледаше во прозорецот на Машиеви, се вангелоса кога виде како во собата отспротива, каде што семејството обично вечераше, но овојпат без таткото, влегуваат госпоѓите Нини, неговата стопанка и ќерка ѝ и како таму ги пречекуваат како стари пријателки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Неколку вечери по случката тие се враќаа дома по левиот тротоар на бескрајната Пиротска улица. Пред очите им минат полуосветлени фирми.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)