И така, со неколку реченици, Чучук-Андреј го извлекол од заборав најтрагичниот дел од животот на прочуениот пејач од кого и славеите се учеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеја нафрлени овде-онде неколку реченици кои, меѓутоа, не можеа да се поврзат меѓу себе во некоја целина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кој некој? Се знае. Судбината од која можеш да се сокриеш само в гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Немав девојка, ја сакав Луција. И тоа е сосема доволно за ова кратко нешто што го пишувам, оти мојот живот, навистина може да се раскаже во неколку реченици.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во неколку реченици го раскажа своето војникување, не навлегувајќи во детали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Добро, тоа е конвенционално писмо, порака во неколку реченици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Овие неколку реченици го симнаа товарот од плеќите на Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)