неколку (прил.) - карактеристичен (прид.)

Потоа Камилски издвои и називи на неколку ткаенини што се постилале на земи како: аура (од арапски asir); килим (од персиски kilim); сеџаде, малечко скапоцено килимче што се става како украс, но и како мал правоаголен килим на кој верниците се молат (од арапски seccade); перде, завеса (од персиски perde).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Острото око на Јана летимично забележа неколку карактеристични детали кај Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камилски најде меѓу називите за одделни делови на постелата и неколку карактеристични заемки останати во употреба во балканските јазици до денешни дни како: душек, постела (од турски döşek); јорган (од турски yorgan); јастак, јастаче, јастук (од турски уаѕtk); чаршав (од персиски çarşaf) со поширока употреба како чаршаф за душек, за јорган и покривка на маса и слично; калаф, навлака за перница, а во поново време преслека на тапацирани делови на мебелот (од арапски kalif).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)