Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)