неминовен (прил.) - ќе (чест.)

Според првиот, проширената надлежност на Уставниот суд неминовно ќе значи дека сега Судот ќе мора да постапува по доста поголем број на предмети, посебно поради веројатноста дека Европскиот суд за човекови права ќе бара исцрпување на овој правен лек пред да може да се поднесе апликација против Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој економски неред, со сето она што со себе ќе донесе во форма на социјални и културни нереди (сѐ поголемата невработеност во планетарни размери), неминовно ќе предизвика последици од кои денес допрва ги забележуваме првите сериозни ефекти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)