Не мина долго време, Мајка, сакајќи да му даде друг тек на разговорот, напуштајќи ги своите сентиментални спомени, ненадејно го праша Татко, кога тој веќе се внесуваше во читањето на една книга, со која сакаше да заспие: – Што стана подоцна со грофот Чано? Како заврши?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За кратко време ги наведува Расел и Мур да постапуваат со него како со интелектуално рамен на нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И можам да замислам што значело за вас откривањето на овој простор на слобода кога ненадејно го забележавте со шумот на брановите кои го задушуваа сталинистичкото дрдорење на вашиот патетичен чувар Х.Х. од романот Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со нив замина и семејството на благодарниот рабин Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ненадејно го напушта Кембриџ и оди да живее сам во Норвешка, во колибата која сам за себе ја изградил.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа беше победа на смелоста на митрополитот, на неговата интелигентна тактика, но и на неговиот дипломатски дух, со кои, беше уверен владиката, небото ненадејно го обдари поради неговите услишени молитви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)