Иако веќе лежеше на плеќи, имаше необично чувство како да е соборен во таа позиција од некаков страшен, безболен удар.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека го посматраше безокото лице со вилицата што се движеше брзо горе долу, Винстон имаше необично чувство дека тоа не е вистинско човечко суштество, туку некаква кукла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мирисите на старо во просториите, миндерите, долапите, резбата на таваните, долапчињата, синиите и другите старински предмети, го натлачија Сликарот со необично чувство, кое не можеше да си го објасни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш, погледнувајќи во брата си, кој ги јадеше сендвичите, што неговата сопруга утрото ги спакувала додека сè уште беше свеж од тоа што ја прегрнуваше, го обзеде неумесно и необично чувство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Очите му отидоа на определеното место на ѕидот, каде што ја закопа сенката, и го обзеде необично чувство како Рози да стои до него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но секогаш, пред да се појавеа знаците за неговото присуство, Милан имаше необично чувство дека змијата е некаде во близина, иако храната што беше ставена за неа не беше ниту гибната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нејзиното лице беше со темен тен, карактеристичен за вашите предели, но погледот и беше многу жив, светол.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во мигот кога се појавуваше ова име јас се струполив онесвестена; да се онесвестиш во сон (не можам да се сетам дали тоа ми се случило и другпат) е необично чувство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Веќе реков: мене ме поведе во ова село некое необично чувство, можеби и потреба; можеби носталгија по старите денови.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)