неочекувано (прил.) - ќе (чест.)

Па знам како му одеше проодувањето на нашиот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат и такви моменти, (но тоа се случува на ова место каде што сега се наоѓам), наеднаш да почувствувам дека ми иде да се засмеам до засркнување, бидејќи неочекувано ќе си помислам, "најверојатно тешко му одело проодувањето на мојот Човек Ведран".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од каде го знам ова кога никој ми нема речено?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, божем неочекувано ќе му наидеше и онаа најгорчлива забелешка: - Па сепак, најтешко ми паѓа - ќе констатираше тој – кога интелегентни луѓе како тебе, не чувствуваат потреба да ми помогнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бараше помош и разбирање, а недоразбирањата, (ако можеа барем во мојот случај, да се наречат недооразбирања неоснованите обвинувања при испитувањето) всушност повеќе беа резултат на лошиот приод на иследникот одошто на мојата неспремност да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И неочекувано ќе запее, во грлото потопе му клокоти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На пример неочекувано ќе прирече „Остави ги, вели, и не обраќај им внимание на столовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)