непосреден (прил.) - повисок (прид.)

Во периодот од 2010 до 2014 најпрво дојде до дефинирање на статусот на вработените во јавните претпријатија врз основа на работата 101 Согласно чл. 36 ст. 1 од Законот за судовите: „Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до непосредно повисокиот суд“, додека пак според чл. 6 ст. 1 од Европската конвенција за човекови права: „Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“. 102 Закон за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ, 38/96. 103 Закони за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ – 97/10, 06/12, 119/13, 41/14 и 138/14. 107 која тие ја вршат, па така за јавен службеник се смета вработен во јавното претпријатие кој врши работи од јавен интерес согласно со закон и за нив се применуваат одредбите од овој закон, посебниот закон од соодветната област и Законот за јавните службеници,104 додека пак вработените кои вршат помошни и технички работи немаат статус на јавни службеници и во однос на нивните права, обврски и одговорности од работен однос се применуваат одредбите од Законот за работни односи (чл. 1 и 2 од ЗИДЗЈП/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Околу должностите на вработените, најзначајни се должноста за укажување на незаконски работни задачи предвидена во чл. 35 од овој Закон, каде се предвидува дека вработените се должни да постапат по работната задача од ст. 2 на овој член дадена во писмена форма, освен ако оценат дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено ќе го известат непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)