Потоа ја исправи главата со погледот вперен право пред себе, издиша празнејќи ги градите од дното на стомакот, полека, бесчујно за самиот него, а потоа и понатаму сосема полека, ја сврте главата доведувајќи ја брадата над десното рамено; застана така и пак полека и нечујно вдишува, почнувајќи да ги полни градите од стомакот нагореи истовремено што пополека вртејќи ја главата во цел полукруг така што со тоа сега брадата ја пренесува над левото рамено.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)