нигде (прил.) - не (чест.)

Крсте патема нигде не се врати на учење, а немаше тој ни што да учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сестричките толку го сакаа, што нигде не го пуштаа да оди сам. Каде и да одеа, сѐ за рака го водеа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Продолжија. Нигде не ни мислеа да застанат да починат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пат нигде не се гледа, од никаде не може да се помине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па уште кога ќе чујам зад мене: аман, од овие Егејчишта, нигде не ги собира!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Арно, ама нигде не можела да најт дуовник, како што барала таја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа беше пруга што нигде не води.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)