И сите велеа едно исто: вакви пастрмки, јагули, летници, костреши и крапови, толку вкусни, нема никаде на светов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чанга со козите се крие во утробата на Калето! Само во Калето, никаде на друго место!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа зашто никаде тука во близина, ни на местото што христијаните од Потковицата го одредија уште кога населбата нарасна, излезе од Дупка и се завкачи по падините на Станкоски Рид, и никаде на друго место во Потковицата нема подигнато црква ниту некој друг знак што да укажува дека на тие простори живеат христијани, или дека, воопшто, живеат луѓе, од бога дадени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мислам дека само во куќите има вистински живот. Никаде на друго место.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)