Овде постои и Триумфалната капија за победниците и поразените.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)