Со помош на раскажувањата на прабаба ми Трајанка на необичните приказни од најстарите времиња, го одвиткувам превезот на историјата овде во селото Рајчани на македонските простори. ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа беше Театарот, старо здание градено во псевдокласичен стил небаре пресадено овде во средиштето на Балканот од Виена, од Рим или од Париз!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Барем овде во посмртниот живот тоа е јасно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Внатре во огледалото не се наоѓам за да се видам туку да доживеам што се случува овде во темницата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас сум овде во пределот на црвената боја на животот, далеку, недопирливо далеку од онаа студена и сива гасовита состојба во која се наоѓа човештвото.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кој знае што понатаму се случи на покривот, и со коњите и со покривот, но овде во дворот, пред влезот во мојата куќа се најдовме лице в лице со времето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас сам, овде во оваа сива гасовита пустина, не сакам ни да останам и затоа мојата најголема желба сега е да умрам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И сега овде во Маказар, и порано низ годините, сум сетил, дека секој обид за чист план ми се извлекува и, дури кога сум се обидувал да го составам, и дури и кога сум го составил, тој често се уривал под наполно непредвидени околности.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ние овде во Маказар немаме проблем со Исуса, ниту со Павлета, туку со меѓусебните кавги на маказарчани.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Впрочем, еве го тоа и овде во ракописов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш зошто сум овде во Маказар, моето родно место, на само половина километар од стариот пат Виа Игнација?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Па и сега, еве, овде во собава во Маказар, во С. исто така, како и на мноштвото патувања низ светот, во разни земји и градови, низ сите години, стоеја и стојат раскинати кутии од бишкоти, разни наполитанки, чоколадирани и нечоколадирани, за да се најде, конечно, онаа запаметена, некупена и неизедена бишкота.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сакам да се обидам, барем на дел од тие зборови, овде во Маказар, во местото кое, реков, треба да е брана против оттуѓувањето, доказ за трајните вередности на наследството, да им ја вратам одново таа важност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Знаете, јас имам проблем... луѓе без проблеми не доаѓаат овде во вашите канцеларии...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Сѐ се случуваше овде во Монмартр! - се замеша Кире.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не знам даливо неко друго место луѓето толку чекаат за сладолед, како овде во Варшава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Верувам никаде на други места не се прават и нудат толку сендвичи, како овде во Прага. Цели купишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Чудно, и овде во Штутгард, како и во Трст, во стоковните куќи можат да се стретнат најмногу наши луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се чувствувам наполно заштитен овде во кујната и мирисот на колачот дури ме успива.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Седам на моето столче, лактите цврсто потпрени на маса, главата цврсто потпрена врз дланките.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ја гледам како рамномерно се движи низ кујната, без брзање, без нервоза.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дедот Јована го пријаде јасник, но се прави глупав како овчар та му одговори: — Море, нека ви е честит бајрам, ефенди; токо јас кај можа да и остава виа пустињи сами овде во планината, ќе и исколат в'ците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Демек, ние ќе бидеме заштита на војводите дури тие решаваат нешчо?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе вие не си го држите зборот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко беше еден од малкумината придојдени интелектуалци, затечени овде во времето на сталинизмот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бавењето со уметничка креација овде во Македонија е констатно фрлање на бисери пред свињи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Жан: Ти последен остана со неа, овде во пурпурната соба.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пред Велета сега не стоеше оној страшен Аргир, семоќниот башмајстор, којшто ги растураше тулите и само пцуеше, туку друг некаков човек се топеше овде во ноќта и лееше тешка мака, неискажана и нечуена дотогаш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во прилог на таквата негова заложба, Христов, меѓу другото одржал говор во кој ја истакнал искривената слика во Америка за имигрантите и потребата за нивна американизација што се одвивала преку процесот („казанот“) на претопувањето (melting pot): Ние (јас и мојата сопруга) дојдовме овде во Вермонт во 1938 година.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе направиш ли место овде во ѕидот за да го зацементираш.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Севда ги отпоздравуваше, им се заблагодаруваше за грижата и им велеше дека не треба да се грижат, таа не е мала да не знае што прави, излезена е татка ѝ да си го пречека да се врати од работа, порачал оти денес за вечера ќе им дојде, имал некоја работа овде во Горнени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На Брчалото овде во Брезница му недостасува многу од погодностите на кои беше навикнат тој таму, во неговата Америка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Пак и мустаќине ги бричел, како сега овде в град, та ела познај го.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во Белград се најдов со еден од селава наши, работеше со мајстори, и тој ми рече: „Ако носиш нешто од пари дај си ги овде в банка“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Отла рече: “Биди среќна што дојде овде во лето, па полека полека ќе се навикнуваш на ваквите капења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога првпат овде вака се капев, надвор сѐ беше замрзнато.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но не само во таа самостојна политика се заклучуваат нашите несреќи, а следствено и причината за одделувањето на нашите интереси од бугарските, па и причината за одделувањето на Македонците овде во македонско друштво.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најголем дел од она што не ми се допаѓа во моето пишување го има овде во зародиш, а и во поразвиена форма.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Пишувал долго и пишувал многу, сфати сега, оти пред него имаше само еден празен лист, за последните зборови на писмото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој не ни видел дека се стемнило оти право пред него беше полната месечина, влегуваше низ тесното прозорче и со некој отсјај на наврнатиот снег, кој само го насетуваше овде во собава, некако пригушено, а сепак јасно му ги осветлуваше зборовите што ги напишал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, кога пред една недела дојде овде, мислеше дека дошол токму поради тоа свое грозење од насилство.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Додека стоеше овде во мракот, стегајќи го студениот метал на пушката во изѕемнетите прсти, да го прашаше некој зошто сега е тука, не ќе знаеше да одговори.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Токму овде во Скопје ќе заврши твоето трагање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Овде во Белград, метежов почна да нѐ гуши. Провинцијалци и селани ни го преполнија градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, и Раде не ѝ остануваше должен: - Знаеш Јано, овде во Жарково, каде што сега живееме, пред триесетина години било село.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да ми беше хашишот овде во оваа близина до слободата, во оваа оддалеченост од луѓето!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоде вели: Ако ние, Акиноските, некогаш одамна сме го започнале животот овдека во Потковицава, а тој во меѓувреме и нас нè испусти и сам се запусти, ние и ќе го обновиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Станицата ја подигнаа, кога ја правеа линијата, Србите и Французите и ја нарекоа, според околното поле и во слава на српските војници паднати овдека во бојот со Турците во 1912 година, Бакарно Гумно, а Бугарите, во последната Голема војна, ја прекрстија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дење си работило низ бавча, и ноќе си лежало во кокошарникот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Што си дошло, бре момче - му рекол бавчанџијата - овде во царска бавча?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Не е тешко да се пишуваат рецепти, но во сѐ друго да се разбираш со луѓето, тоа е навистина тешко.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Што правам овде во оваа бесконечна зима!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пробивање, овде во овој проклет град.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Наместо тоа овде во секој момент постои множество на активни шеми изградени од шемите кои го репрезентираат нашето „знаење” и кои ги одразуваат нашите тековни цели и состојби.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Чукаше засилено како да сакаше да го надомести сето она време што овде во куќава не ќе го мери.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Запираше најчесто пред киклопските ѕидови, кои потекнуваа од XI век, од времето на владеењето на моќното византиско царство Комнен, посебно пред надворешниот одбранбен ѕид: киклопските блокови камен, некогашни врвови на други империи, овде во неред, со измешани азбуки, да сведочат за неумоливиот марш на времињата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но овде во тоа време Гијом Аполинер, во еден текст по повод изложба на Пабло Пикасо го објавува почетокот на кубизмот и крајот на активниот импресионизам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Бла-бла-дроб. Што ќе ви е коњче од вртелешка овде во либиската пустина?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кога ме видоа сите во еден глас викнаа: Абре девојче, алал да ти е!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми пријде таткото на девојчето што плачеше и ми вели: Остани овде во селото да ги учиш како се меси леб од ’ржано брашно.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Што јас работам овде во оваа балканска дупка?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Работам за овие курви што не се ниту за крастав кур, а ние ги транспортираме за Европа, ги продаваме на невидено.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зошто јас да не станам еден кадија како него и да си го земам татко, мајка, Анѓа и Јована овде во конаков да си живеам како кадијата? Ќе станам!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не е важно што не се загубил, само не знам како начул дека овде во градов Егејците имале нешто како Одбор, како таму, во Гаково, вели.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А зошто, го прашувам јас, ти, господине, се моткаш овде во темницава?...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Го пренесоа фронтот овде во Мариово.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Дали ќе има одаја тој прикрепникот на Нешка, да го постеле? — се праша Доста, радувајќи му се на уште неисткаениот шарен ќелим, па се поправи сама: — Ами еве, овде во тремот ќе си направиме ние со Илка и тука ќе си го постиламе со Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа едно чудо геј-енд-лезбиан- парови допатуваа од цела Америка за овде во Калифорнија да стапат во брак.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Овде во близината на гробиштата живее Август Рицман, пропаднатиот кловн. Кај него ќе појдам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во родната земја Албанија не бев влегол уште од судната 1979 година, кога само овде во светот се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Толку јасен ми се стори од далечината што и самиот се зачудив како тоа до сега да не се сетам на него.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Значи во скутот на тој Непознат седеше Катерина а неговиот глас дури и овде во темнината како да ми приоѓаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подоцна еве се случи да се среќававме и кај Зелено пазарче, овде во престолнинава.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Поради ваквите сознанија Поетот во неговите римувани написи не пропушта да забележи дека кошмарните виденија како и несигурноста што ја чувствува токму овде во понискава сфера ( што значи помеѓу обичниот свет) само потврдуваат дека Чистилиштето, она вистинското, околу кое и Данте поарчил толку многу зборови, всушност се наоѓа овде, во нашиов свет?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Доста со тоа!“ „И повеќе од доволно! Овде во оваа чемерна пустелија не можам да кажам ни која година е оваа!“ „Деветстотата година по Христа.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Секако, сите наши пријатели се овде во градот“, продолжи тој.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А што ти требало толкав пат да акаш место да си седиш овде во мир и во спокојство".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во овие среќни денови, Џеки заборави на сите неволи што ги имаше, а и заборави на сите маки што ги претрпе за да дојде овде во логорот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Потопло е овде во водава, им рекол, отколку надвор.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Прв пеан: Прв сон Глас: Времето запре за миг... сред мрачната темнина со девет агли... со песните на деветте музи: Пиерови ќерки... овде во преубавата Македонија, за сите, па и за гатачите, се поднамести Македонија во ноќта под црните магли... да ги прераспореди сенките на тврдините свои: така да стојат!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Што сакаш сега? Да те закопам? Како да стигнеме до гробиштата? (Откорнува штица од подот) Ќе гниеш овде во темелите! Лежеше мртва тука цел живот!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ХЕРЦОГ: Господине Клаус колку што ми е мене познато вие дојдовте овде во протоколарна службена посета.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Понатаму ќе забележи дека „не е на нас и на нашите грчки пријатели овде во САД да полемизираме за идните граници на Македонија“, бидејќи тоа „прашање, без сомнение, може и ќе биде решено од самите Македонци во сите три дела на земјата, преку соработка и со пријателска помош од нова Југославија, нова Бугарија и, (ние се надеваме), нова Грција“, а желба на сите Македонци во САД, како што истакнува Г. Пирински е да се најде „пријателска солуција која ќе биде задоволителна и за Македонците и за сите демократски балкански народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Завршувајќи ја статијата, Г.Пирински ќе заклучи дека „формирањето на слободна Македонија е едно од најголемите постигнувања на Ослободителната војна на народите на Југославија“, што е „потврда за вистинскиот демократски карактер на Титовото народноослободително движење“, изразувајќи надеж дека тоа ќе претставува „пресвртница на патот кон подобра иднина на балканските народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не се согласуваат со Черчиловиот став за Дража“; а во телеграмата од 13. III 1944 се вели: „Денеска разговарав со помошникот- -министер за надворешни работи Дан, кој ни кажа дека ни малку не им се допаѓа што Англиската влада постојано истакнува дека Америка е согласна со англиската политика спрема нас.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се очекува решителна промена овде во полза на војската на Дража, која ја сметаат за единствено добро командувана и многубројна во центарот на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Па тоа е правец кој... кога сега би го дополнувал Дневникот, мислам дека би одел во тој правец: да се обидам, како порано, да ги истакнам револуционерните достигнувања, а во исто време да се обидам да ги истакнам и неиздржливите видови, статус кво... К: Денес постојат две компании за плочи, едната во Милано, а другата 56 Margina #10 [1995] | okno.mk овде во Њујорк, кои во своите каталози ја поврзуваат од една страна популарната музика а од друга авангардата, и се обидуваат тие музики да ги соединат кај иста публика, истата млада публика. Б: Дали тоа овде е “Томато”? К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И овде во Атеистичкиот музеј во Скадар ни се подготвуваше албанската идеолошка варијанта на музејско - театарската претстава на апсурдот – за борбата и ликвидацијата на Бога, со сите негови слуги на земјата и на небото!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Добро, - рече тој, - кога на Борче ќе му биде роденден, другарчињата нема да ги поканиме дома, туку овде во кафеаната, а вие подгответе специјална претстава за таа вечер, важи?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Како што зимоска срната се засолни овде во манастирон од глад или потера од волк или нешто друго, таа така и сега е дојдена од мака.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И паметам кога некое време пред крајот на својот говор рече: „Ова место е господов дом за луѓето што живеат овде во ова ваше и наше село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ќерка ѝ Сандра, пак, беше омажена за тетина Јолета, овде во Долнени.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Им подаде на братучедите рака за добредојде и рече: - Јас сум ви најроднина овде во селово.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тогаш сите планови ќе пропаднат и можеби конечно ќе останато овде во мрежата на осветата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Всушност селото е блиску до градот. после нему, овде во Битола, му се родија уште две деца: уште едно машко Пене и ќерката Галица, Гала – нагалено, таа му беше најмалото, но најмилото нему му беше Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Летка!“ ѝ вели авторот. „Ти толку многу се согласуваше со она што го реков овде во домот на печатот!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Оваа година, откако се вратив овде во Струмица, ниту некаде се сретнавме случајно, ниту пак отидов да го видам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Има и будали, ама овде во „Шоферското излегувалиште“ умните се на власт.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Та тие тогаш да ти решат, овој нашиот Војне, таа никаквица Матана и еден куц што беше книговодител во Ливаѓе, да ја ограбат продавницата овде во Брезница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еве на пример овде во нашето бифе“, ми вели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека овој едниот одел до тоа местото каде што му ги дал парите на соселанецот, овде во судот, судијата и тужениот си седат, си разговараат како ништо да не било.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ливаѓни имаа свои луѓе овде во селото, јатаци, кодоши и измеќари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„... А овде во Струмица доаѓам заради нешто бизнис со овој зеленчукот нивни. Само затоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„... Отидов прво право дома, ја зедов пушката, ја ставив во една црна пластична вреќа, од тие едни за ѓубре што ги имам овде на работа, не заборавив да ја земам пачката со фишеци и, кој знае зошто, ама тогаш така ми текна, зедо и еден нож и така на критичниот дел се вратив овде во бифето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Знам мори сестро, ѝ велеше напати на Чана, арно е да изучат овде во Македонијава, ама нели сепак ќе треба да се враќаат кај мајка и татко?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ниту пак одбрав вака да завршам, овде во овој град, со овие луѓе, со овој талент кој ми создава толку проблеми.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)