овде (прил.) - ќе (чест.)

За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маргина 37 175 6 Со ова оди и усмерувањето на погледот кон оние нешта од кои погледот обично се свртува, некоја фројдовска „присила на повторување“, како на непријатните појави во општеството, коишто, инаку, се потиснуваат поради идеолошкиот конформизам (оттаму и социјално ангажира­ниот британски филм), така и непријатните телесни појави кои се потиснуваат заради естетскиот конформизам (оттаму реестетизацијата на органското како во филмовите на Питер Гринавеј).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Новата британска уметност за којашто овде ќе стане збор втемелена е во комбинацијата на обете „присили на повторување“ и затоа функционира и како критика и како субверзија на популарниот код во којшто се наоѓа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Луѓето во нашиот павилјон многу се пресретливи, и од нив и со нив веднаш овде ќе се почувствува југословенското гостопримство какво што овде инаку, ретко се среќава...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Така, господа војводи! Овде ќе се чукнеме со аскерот и ќе го скинеме обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А гледате ли? Највисока е од сете ридишча на Селечка, — им го правеше Толе планот и им ја покажуваше високата чука „Маргара" над селото Чаниште во мало Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Длабинската екологија има многу проблематични теориски стојалишта - овде ќе се задржам само на две - проблемот на картузијанскиот субјект и правото Маргина 34 11
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ти, Васил, вели Максим, овдека ќе ме чекаш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не бегам дури таму, вели Лазор, овдека ќе станам ајдутин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Господару, вели Васил, сака да рече Знам што ќе правиш но некако решително и во исто време и молјќи вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И го седнуваат Лазора на столот веднаш до вратата, спроти сонце, а потоа и тие двајцата седнуваат на столот, едниот од едната другиот од другата Лазорова страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тахир-бег Јаузоски, Мустафа Салиоски и Костадин Дамчески, силно возбудени, стануваат и секој го турка својот стол нанапред, за да седне на него Лазор, но Максим и Јосиф, двајцата во еден глас велат Вие само седете си, Лазор овдека ќе седне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овде се родени, овде ќе живеат со тело и душа, па дури и со болка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
КАТА: Зошто не му рече да дојдеше овде ќе вечеравме?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Бидејќи тие метафори припаѓаат на различни гледишта, и бидејќи некои од нив меѓусебно се разликуваат, овде ќе презентирам некои размислувања за наративната метафора со кои се надевам дека попрецизно ќе ја определам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во литературата за семејна терапија постојат многу примери на комбинирање на наративната метафора со различните конверзациски/ лингвистички метафори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Речено е веќе, а ние овде ќе треба само да го повториме тоа Стојан Христов на тој начин ја понесе славата на Македонија низ Америка. Навистина, тоа не е малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не знам дали овде ќе најдам сѐ што ми е потребно,“ реков, и со погледот барав ткаенина со која би можела да направам кукла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се зборува дека и овде ќе бидат отворани логори на смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Велат дека и овде ќе се случи она што го виделе во Берлин.“ „Она што го виделе во Берлин…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ беше бело - дел од болничкиот инвентар.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка е сигурна дека некои нејзини мисли се всушност туѓи наметнувања, и прави спротивно на нив - ако прво помисли: овде ќе ја преминам улицата, веднаш потоа се спротивставува, и преминува на некое друго место; ако си рече: „Време е да јадам“, во следниот миг решава да остане гладна до следниот ден; ако си помисли, додека пие вода: „Пази да не ти се лизне чашата од рацете,“ уште веднаш ја фрла чашата на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Во твоето Кукулино ноќе ќе ти се собираат пред врата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегај одовде и не здодевај ми веќе. Овде сум родена, овде ќе останам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се поделиме на две групи. Едните ќе одат со Онисифор Мечкојад, другите со мене. Неколцина ќе останат околу селово на стража.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЛАДИЧОТ: Не. Ми рекоа дека овде ќе добијам нов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Глатка кожа, храбар изглед без дрскост, отворено лице - сето тоа го пленува раководството, особено ако градоначалникот стои со корпусот подаден напред, како во полет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најмала брадавица овде ќе ја наруши хармонијата и ќе му даде на градоначалникот дрзок изглед.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах... ах... Ах, гледам дека овде ќе биде весело; не сакам кај Ек!“, се јави младичот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Токму овде ќе бидат корисни девојките од нашите колонии - од Централна Азија, 202 okno.mk оод Северот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овде ќе изгниете во гробот и ќе останат од вас шест бакарни копчиња“, продолжуваше Клиневич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Обнажиме, обнажиме!“, повикаа сите гласови. „Јас ужасно, ужасно сакам да се обнажам!“, викаше Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во Кремљ да се отвори најдобрата, таа да биде украсот на сите наши територии - јавна куќа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таму тој беше генерал, овде е - фуј!“ „Не, не сум фуј... јас и овде сум... “, се обиде да се спротистави генералот. okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Зар овде ќе живееш во оваа темна пештера без светлина?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Оф, бре Јоне, си велам, овдека ќе те голтне мракот, овдека ќе те испие помрачината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Овде, овде ќе седам - му рекол 'рсланот на чоекот и седнал до едно дапче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу време стојал Силјан на су(в)о ватен на штицата и сѐ му се чинело оти се носит на море.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бре овде ќе се удаит гемијата, бре онде ќе пропаднат, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та коа се удрила од камењето, парче по парче се напраила; сите што беа во гемијата, се удајле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исврлило далгата на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ајде мрдни! Овде Ќе чекам. {станува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Да му можеше тој уште овде ќе го отепаше немаше да чека ти да му продадеш ум.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ми рече: овде ќе бидеш вечна, постојано жива. И по сто, и по илјада години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само, овде ќе мора како предлошка да биде некој женски сон, па ќе искористиме еден што го сонувала мојата полусестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како дозволи, чумо една, да те стрижат како овца, писна и ја поткаса устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште сум далеку од станот, брзам, а потоа почнувам панично да трчам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немам спиено по хотели. Овде ќе спијам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За таа цел овде ќе го следам начинот на аргументација даден од Умберто Еко.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувствуваа дека овде ќе се соочат со незавршените битки во историјата, особено во доменот на балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски еднаш му рече на Татко дека нема ништо покомплетно од неговата библиотека на тишината, нема подобар пријател од тишината што никогаш не изневерува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонував дека овде ќе се вратам, да ги побарам вистинските книги, книгите кои му се потребни на Балканот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една од пистите ќе биде долговечната идеја на јаничарството и јаничаризмот на Балканот, кое овде ќе го накалемат големите империи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битно е што мислиме ние, и како ние овде ќе живееме.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
ТРОШЧЕЈКИН: Може-може. Еве овде ќе легнете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во наредните глави во детали ќе ја испитаме конструкцијата на Гедел, а за да не бидете во тотална темница овде ќе се обидам само да ја начкртам глобалната шема за сржта на Геделовата идеја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што се однесува на утврдувањето на пензиската основа и осно- вицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување со измените и дополнувањата на ЗПИО настанаа доста промени, но овде ќе се задржиме само на измените што најдиректно се поврзани со проблематиката која се обработува во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подолу дополнително ќе се осврнеме на ова, а овде ќе кажеме дека во 2000 година беше пропишано ова право да може да се оствари со навршени 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грмна тука од секаде посилно да го слушнат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша. – Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сујак му рече: - Не ја продавам. Таа мечка овде е отепана и овде ќе ѝ се чува кожата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Овде ќе дојде Хрушчов, велам и го фрлам весникот пред нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде ќе скршиме глава, си мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не знам, велам, ама зар и овде ќе бидеме туѓинци?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Голем дел од населението преку Јонското и Јадранското Море, со старата, православна вера, ќе се најде во Италија и овде ќе орстои до денес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оние, што би сакале подолго да размислуваат за оваа паралела, ги упатуваме на делото на Hock посветено на маниризмот, Die Welt as Labyrinth, на француски преведено под малку воздржан наслов Лавиринтот на фантастичната уметност. (7) Ќе додадеме, за да му вметнеме одредена вредност на споредувањето кое овде ќе се обидеме да го спроведеме, дека откривањето на вистинскиот лик на Leonardo da Vinci не случајно се одвиваше кон крајот на минатиот век, токму во годините кога Marcel Duchamp го бараше својот личен пат, по кој наскоро и тргна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Војникот објасни: - Пушката овде ќе ја навалиш така што да ти биде на готовс.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На сон да го имаше видено не ќе поверуваше дека овде ќе го најде Љакето кого Шишман го тепаше каде што ќе достасаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Тој е наш мртовец“, додаде. „Сега веднаш овде ќе ни го дадете!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ако во нешто се колебаш, ќерко”, рече попот, „овде ќе најдеш смирение. Ајде, кажувај!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мислиме ли, овде ќе сме вечни, или баш затоа што не мислиме така, сакаме да оставиме трага?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)