Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Привлечно мириса јадењето, со некој веќе одамна познат мирис, наш, во нашата куќа, така непосредно поврзан со мама, со нејзините спретни раце.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
У мала Речица и Џепчиште оваа традиција на мешање млади Украинки со стари дртала е одамна позната, особено по муслиманските барои каде украинските танчарици до раните утрински часои ги забављаат сточарите и овчарите.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)