Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нашиот Димостен мил мој Танаско не се простува од никого, туку во име на животот се движи на кај одамна поставената цел.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Одамна оваа грдомазна железна конструкција не светеше навечер, а преку ден стоеше изгубена меѓу покривите, на височината.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Едната буква од вертикалниот ред беше падната, а долната штангла, напречната, искривена и целиот круг малку поднаведнат на едната страна, како да потклекнал под тежок напор од другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)