одвај (прил.) - дише (гл.)

Срце и замрува, одвај дише, одвај собира и испушта воздух за да не крикне стравот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Саноќ го давело, одвај дишел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неподвижно од немоќта на Еразмо да оди по невидливиот пат на духовното, лежеше на едно место, приковано од Еразмовиот сомнеж во себе, без нималку верба; одвај дишеше, живуркаше полно со желба за живот во очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Па дочаквах свое либе тамо во градина, кога оно утром рано, во зора гл'бока, зело лејка в бела рака, цветја си поливат, а ја одвај, одвај дишам, да не ме догледат...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Нејзе ѝ се „допаѓа“ ова лизгање, меѓутоа, додека седнува во санката, како и порано, таа е бледа, трепери и одвај дише од страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, јас ставам на устата шамиче, кашлам и, кога доаѓаме на средината од ридот, успевам да прошепотам: – Јас ве љубам, Надја!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Надењка е ни жива, ни мртва. Побледела, одвај дише... Ѝ помагам да стане. – За ништо на светов нема да се спуштам уште еднаш – вели таа, гледајќи ме со раширени очи, полни со страв и ужас. – За ништо на светов! За малку ќе умрев!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас стојам до неа, пушам и внимателно си ја разгледувам ракавицата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)