Тоа беше вториот пат, воздушен, духовен пат, лесен, полесен од снегулките кои, паѓајќи одвреме-навреме ја прикриваа тенката таинствена линија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одвреме-навреме ја свртуваше главата назад и го гледаше бесконечниот тек на сообраќајот, а уште подалеку ги гледаше гроздовите од куќи што беа мали како кутии и беа раштркани над рамното земјиште.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа нејзините се вратија од некаде и мајка ѝ влезе во собата: - Мила, - рече - привршувајте со играта, треба да вежбаш клавир.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но униформата и оружјето, а и горчината која одвреме-навреме ја сеќаваше во устата кога некое невидливо животинче ќе претнеше во грмушките, му кажуваа нешто што и самиот веќе го знаеше – времето во кое чекори е војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Седнавме и му напишавме. На англиски, со помош на речник, а одвреме-навреме ја прашувавме и Роза за по некој збор.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Песоглавиот одвреме-навреме ја отвораше устата од која излегуваше неподнослива реа и цвилеж.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога порасна нашата Сталинка и стана зрела коза, одвреме-навреме ја обземаше некаков чуден немир.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)