одвреме-навреме (прил.) - ќе (чест.)

Задуман на чардакот Преспанецот одвреме-навреме ќе фрли рибарски мрежи и во нив наместе преспански крапови ќе фати троа носталгични препелкања од кои никој ниту видел ниту ќе види фајде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ели тешко дишеше. Одвреме-навреме ќе ги отвореше очите како да бара помош од Вера. На неколку пати викаше: тато, тато...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Одвреме-навреме ќе се пронесеше вест низ селото (вистинска или лажна) дека го виделе Анко во некоја пештера во планината и џандарите започнуваа со потера.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дуваше во дувалото, го пушташе одвреме-навреме да поземе воздух, се наведнуваше и пак го лапнуваше босакот на дувалото и мрдаше со прстите по дупчињата од зурлата и одвреме-навреме ќе го поткренеше некој прст кога требаше гајдата да испушти долг непрекинлив писок.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седев на столицата покрај тебе, гледав некои програми на малиот телевизор што беше отспротива на твојот кревет, читав весници, одвреме-навреме ќе станев ќе ти ги наместев перниците, ќе ти понудев нешто да каснеш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За да разбиеш монотонија одвреме-навреме ќе отвориш некој месен нарезак.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Продавачот во трафика одвреме-навреме ќе тргне настрана неколку броја на Теа-Модерна со поклон ЦД.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Да не се другарите на брат ми, кои одвреме-навреме ќе ми упатат по некој збор, а и тој онака, патем и обично на зафркавање, не ќе можев да кажам дека познавам макар едно момче што има петнаесет години, а не пак дека се дружам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И со некој кој одвреме-навреме ќе зготви ручек и испере гаќи. МАТЕЈ: Не мораш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби лезбејските барови одвреме-навреме ќе прикажат понекој извадок од Најмила мамичке, но тој филм не е сеприсутен во женските хетеросексуални културни институции и не го ужива статустот што кај жените го ужива, да речеме, филмот Телма и Луис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој уште одвреме-навреме ќе подмрднеше, ама јас веќе му ја имав распарано кожата и веќе го дерев.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нив сега ги дорастажуваше песната на Мице Стружиклечката, сега дошашардисаниот, чијшто убав глас одвреме-навреме ќе одзвучеше од сред село: Три години свадба се спрема, Невеспата чеиз нема...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја видов и Маци како се качува врз масата и како почнува да јаде од чинијата на свекрва ми, ама ништо не реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислеше на тоа што ѝ го рече Ирена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пресмета дека ако три дена сум на конференцијата, потоа можам да се качам на автобус и само за четири-пет часа пат да стигнам во гратчето каде што живеат тетка Олга и тетин Јован.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме гледаше со ненормалниот поглед и одвреме-навреме ќе направеше "мјау" со муцката, но немаше да испушти никаков глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Настапи тишина. И Ема и Ирена одвреме-навреме ќе потшутнеа по некое заталкано камче на асфалтот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Трајче одвреме-навреме ќе застанеше, ќе го истресеше песокот од искинатите опинци и пак ќе продолжеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Как паживајете?“, го прашав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И мене одвреме-навреме ќе ме стресе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем, читајќи ги страниците на овој роман, одвреме-навреме ќе се запрашам дали не сме се нашле меѓу страниците на некој друг „старовски” роман како Атеистички Музеј, Татковите книги, Времето на козите или Брегот на егзилот што прави од Патот на јагулите зачудувачка притока од реминисценции.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)