одеднаш (прил.) - станува (гл.)

А сега обичниот трн одеднаш станува нешто интересно, скокотливо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си пика парче леб во устата а принесува сирење и во мигот ѝ се накреваат цревата, ама сето тоа така одеднаш станува што Пелагија стигнува само главата да ја сврти и од неа да џвргне само кислоина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го чувствуваш тоа, го впиваш во себе и од лазливо, црно полжавче, одеднаш стануваш нешто толемо, чудесно, живо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нештата одеднаш стануваат сѐ полесни, како што културата, нашата култура, се проретчува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Како одеднаш стануваат несреќи, - размислував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А, клучарчиња...“ рече татко му.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Берете ум во главчињата! И од вас ќе станат луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледај го те молам, одеднаш станува голем советник за соочувувањето на себеси со животот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му реков: „Семјоне, Семјоне, зошто луѓето го измислија огледалото? За да се видат колку се грди?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Човек одеднаш станува свесен дека сето тоа муабетење на Глобалната заедница не е правено за луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)