одеднаш (прил.) - ги (зам.)

Што ќе стане со нив ако одеднаш ги збришеме со тој потег на лојалноста?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Солзите ѝ ги наполниле очите и таа одеднаш ги запали сите кибритчиња.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бојан го сакаше тој збир на миризби, преку кој, му се чинеше, одеднаш ги вдишува сите миризби на одминатото лето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
-Тој ме касна - прошепоти Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Низ стенкање и несфаќање Наташа разбра дека татко ги приближил усните до голото рамо на Вадим, како да сака да го бакне, а тогаш одеднаш ги забил забите и го каснал, злобно и несфатливо; Вадим поради необјаснивоста на сето тоа заврискал и почнал да се измолкнува, а старецот одеднаш скокнал низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
МИХАЈЛО: Те вика! (Одеднаш ги губи крилата. Султана се враќа назад зад фреската која се затвора, златната позадина се крева горе, сцената е иста како на почетокот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Потоа звуците во тоалетот замреа и вниманието ми го презема постојаниот цвилеж на моите црева.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Децата одеднаш ги снема зад нас, а тетка Олга застана пред вратата, ја отклучи и се поттргна за да влезам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Густав имаше навика да ги држи рацете во џебовите додека разговара, а потоа, на крајот од разговорот, одеднаш ги вадеше, и во тој миг од џебовите паѓаа моливчиња, креди, гумички, монети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При една посета, кога ги извадил рацете од џебовите, на подот паднало истуткано парче хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Сега! - свика Стевчо и обајцата одеднаш ги фрлија камењата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)