одеднаш (прил.) - ѝ (зам.)

Кога застана на вратата, соочена со тој тажен остаток од мајка ѝ, очите одеднаш ѝ се наполнија со солзи од болка што никогаш дотогаш ја немаше почувствувано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со неговите заби на нејзината брадавица и топлите усни околу неа, брадата и мустаќите што ја грепкаа по дојката која одеднаш ѝ се чинеше набрекната во неговата дланка, таа се заниша наназад, но тој ја задржа со другата рака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сликите од болката на мајка ѝ, нејзиното смалено тело – таа почна скоро да липа од спомените што одеднаш ѝ надојдоа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Митра живна, се промени во лицето, одеднаш ѝ стана меко и топло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сигурно и насмеаната тетка (Леле колку личи на тетка Евдокија од Прилеп!) седи на столчето пред порта и одеднаш ѝ се раѓа и мислата дека само овде нема признато, нема влезено во дворчето, нема проговорено со насмеаната тетка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Сакам и јас! - Не може, - рече Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Супер! - на Бистра одеднаш ѝ се измени лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)