однадвор (прил.) - и (сврз.)

Таа ми дејствуваше помпезно, зашто целата, и однадвор и одвнатре, секој нејзин дел е обложен со мермер, со македонскот мермер, така што овој објект ми стана уште поблизок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден ден неможејќи да го слуша плачењето на татка си, зеде ракија кришум од мајка си, ја потпре дрвената скала на ѕидот од куќата однадвор и се искачи до прозорецот и му го протна шишето низ решетките што ги ставија на прозорецот за да не може да излезе од собата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колку би ја бакнувал и би се насладувал! Колку би ја допирал целата, би ја истражувал однадвор и одвнатре, за да ја вкуси потполно и да ја открие!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И однадвор и однатре ми свети: ми ја грее душата, ми поминува ко со рака по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но кога ги затворија однадвор и ги оставија сами, си дојдоа на себе и се распискаа секое за своја сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скалилата беа поставени однадвор и водеа надолу, кон покривот од тремот. Се повлече од прозорецот. 79
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)