Зет ми Профим не знам што тиќе човек беше: гледаше во ѕвездите и им кажуваше на луѓето што ќе се случи, им ги претскажуваше судбините на луѓето и им кажуваше кој им ги определува; викаше и за себе дека судбината му е однапред определена, спрема неговиот зодијак, а всушност, сам тој си го кроеше и загорчуваше животот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Реков дека ќе го погубам така и алах ми ја исполни желбата, си велеше во себе кадијата кога ги судеше бунтовниците и одбираше кого да го осуди на смрт освен поп Јакова, кој беше однапред определен како водач на бунтот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)