Да сум помлад, кога ќе види дека сум однатре затворен, ќе помисли дека нешто добро ми се случува, ќе се насмевне и ќе си замине со намера следниот пат да се реши да ме потпраша зошто денски сум се заклучил одвнатре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)