определено (прил.) - дејствие (имн.)

Според ЗОО, со договор за дело вршителот на работата [претприемач, изведувач] се обврзува да изврши определена работа – како што е изработка или поправка на некој предмет или, пак, извршување на некоја физичка или интелектуална работа и сл., а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест (чл. 619, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште или пак е известена за преземање на определено дејствие – а не се јави пред судот, без оглед на причината, судот нема натамошна обврска да ја повикува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од ваквата правна формулација се гледа дека субјекти на овој чист облигационен [а не работен т.е. трудово-правен] однос се „вршителот“ и „нарачувачот“, а не „работникот“ и „работодавачот“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)