Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се обиде да вреска и можеше да вреска силно и високо и остро во собата, како мозокот да му истечува, десното око и десното уво како да му ги отсекуваат, беше слеп и глув, сиот оган и ужас, сиот паника и сиот смрт.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А таа ми шприцна два-три бокса во лицето (силни, мимозни, подносни) ме мавна остро во слабина, се развика: „Драма, што е драма?
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)