И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели:  Небаре е дење. И зазорено е.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)