оттаму (прил.) - донесе (гл.)

Потоа оди во гостинската одаја, оттаму донесува две веленца, со едното го наметнува Јосифа, а со другото Лазора и вели Сѐ уште е студено навечер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чуварот влезе во куќичката и оттаму донесе плико. Му го даде на странецот. Секако, тоа беше резервацијата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ние сега да си одиме, вели Тахир бег, а си мисли сега, кога помина лошото, ред е и Мурад да се прошета; одовде, по Градишки Пат, смета, ќе отиде до Голема Вода и низ Забелски Ливади преку Коритница ќе излезе на Долга Чешма, потоа низ Торојца ќе стигне на Алилово и довечер по Пазарџиски Пат ќе се врати назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отиде во работилницата и оттаму донесе една ракатка сено, го чуваа тука за коњите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)