Имено, во денот кога ги сумиравме резултатите од творечката актива во изминатата година и кога поради тоа што годината ја прогласивме за успешна - славевме, ми пријде еден актер на драма, очевидно вознемирен. (За таквите луѓе Жан Пол Сартр во романот „Тегобност“ има напишано: „Имаше некоја особена злоба која паѓаше в очи и која не можеше да ја сокрие колку и да се трудеше“.) Гледаше во чашата со вино што ја држеше во раката додека ми се обраќаше: - Како уметнички директор можеше многу да направиш за мене, ама не направи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)