„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Кое зрно – прашав јас, очигледно изненаден? – Она, за кое веруваш дека ќе успееш да го скриеш. – Грофот изгледа сфати дека не го разбрав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Море, ќе те дера како јаре на стриг, само ако ми падниш некогаш“ — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше. И навистина лошо попадна Бојко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори: — Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Забрадена е со црн шал и очигледно изненадена од присуството на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
В миг застана, очигледно изненадена од присуството на непознатото суштество.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Добро, да бидеме уште појасни: ти можеби и не знаеш дека зрното е кај тебе. Но, ќе дојдеме до тоа подоцна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)