патем (прил.) - ѝ (зам.)

Пелагија во дворот се поздрави со нив, на Деспина, патем ѝ потшепна Зарадувај ја што поскоро! а потоа му ги препушти на Мурџо да ги испрати, скокајќи и умилкувајќи им, сѐ до влезот, до вториот влез на зградата што светеше со стотици прозорци одздола до покривот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко ми патем ѝ рекол на Борка: Те молам, коњите полека терај ги, мене не ми е добро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
С. патем ѝ порача дека треба да внимава бидејќи овој пат ги остава на нејзина грижа двајцата пијатели.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сето ова го прави трчајќи, а она што го носи на лицето и на себе си го престорува во широка насмевка што патем ѝ ја нуди на насобраната толпа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)