повеќе (прил.) - станува (гл.)

Привлекува внимание тоа што анализите на Тагоре за безличната, „апстрактна“ природа на колонијалната моќ не се одраз само на стекнатото искуство од другите колонизирани народи, туку тие исто така укажуваат на она што сѐ повеќе и повеќе станува генерално искуство за сите нас во државите со модерни нации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се превидувало дека повеќе станувало збор за „детски“ фантазмогории отколку за еден коруптен, презреан, декадентен „интелект“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се прашуваше и не можеше да одговори, за што сѐ повеќе стануваше непознат и за други и за себе, со нешто недовршено зад својата црна и лута кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ повеќе стануваше свесна, дека нема уште долго да издржи во оваа куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ повеќе станува јасно дека Олга Наумовска со своите песни, стреми кон нови значења што ја потсилуваат моќта и вербата, а во себе носат пораки и вредности неопходни за секој човек.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Венче сѐ повеќе стануваше тажна, невесела; често ѝ навираа и солзи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сегментација на 118 Joe Goss, “The ‘Magic of the Mall’: An Analysis of Form, Function, and Meaning in the Contemporary Retail Built Environment,” Annals of the Association of American Geographers 83 (1993):18. 119 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 194. 101 пазарот станува „водечки принцип на оваа мешавина од комерцијална и граѓанската активност“.120 Како резултат на тоа, клупите сѐ повеќе се отстрануваат од улиците во големите градски центри, не само за бездомните лица да ме ги користат како место за спиење, туку и за да се спречи одмор без потрошувачка.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавните простори сѐ повеќе стануваат затворени за сите кои не се дел од пожелната јавност: „мермерната, стаклената и челичната естетика на трговските центри, музеите, банките и парламентите е толку застрашувачка што никому ни на сон не би му текнало да седне на нивните скалила за да се одмори или за да свири гитара.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)