Во осумнаесеттиот век постоеја одреден број на студии за теоријата и практиката на преведувањето на повеќе Европски јазици, а во 1791 е публикуван и првиот теоретски есеј за преведувањето на Англиски јазик, Essay on the Principles of Translation на Alexander Tyler.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Рабле, којшто говореше повеќе европски јазици, но и грчки, латински, дури и хебрејски, своите гротескни романи Гаргантуа и Пантагруел, ги прошара со безброј нови зборови, привлечни неологизми, состави листа на бизарни јадења на времето, не заборавајќи ги и имињата на класичните јадења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да продолжеше францускиот јазик (уште некодифициран, помеѓу латинскиот и класичниот јазик) да го следи зборотворниот гениј на Рабле, а не патот на академизмот што ќе го следи во наредните векови, тој ќе беше еден од најбогатите јазици во светот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)