Своите коли ги одржуваат чисти, а се разбира дека и повремено ги подмачкуваат, го проверуваат воздухот, проверуваат дали има доволно вода во акумулаторот и дали металните плочи се покриени со вода, и го проверуваат нивото на маслото, да не е премногу ниско во кутијата за курбла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако се апстрахираме од специфичната реакција на руската емиграција, тогаш треба да се одбележи дека драмата на Набоков поседува еден значаен театарски квалитет: во неа нема долги, здодевни монолози, секогаш има што да прави и партнерот што молчи, настаните повремено ги прави интересни и само потсмевот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Освен трнливи ниски растенија и по некоја тревка меѓу белите камења испукани од сонцето и кои повремено ги мијат дождовите, нема ништо што би давало малку зелена боја.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)